Ердоган го покани Трамп да ја посети Турција во 2019 година

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го поканил американскиот колега Доналд Трамп да ја посети Турција во 2019 година, изјави портпаролот на Белата куќа, Хоган Гајдли.

– Засега ништо конкретно не е планирано, но претседателот е отворен кон идејата за евентуална средба со Ердоган во иднина, истакна Гајдли.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Келен вчера соопшти дека Трамп сакал да ја посети Турција следната година, но датумот се уште не е утврден. Тој изјави дека Ердоган го поканил Трамп во телефонскиот разговор, во кој двајцата претседатели зборувале за повлекувањето на САД од Сирија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното