Турскиот претседател Ердоган го посети местото на несреќата во Истанбул, каде што во средата се урна осумкатна станбена зграда, при што загинаа 17 лица.
Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени. Зградата имала 14 стана во кои живееле 43 станари.
– Во оваа опбласт имаме сериозен проблем со илегалната градба за да се заработат пари, изјави Ердоган и најави одлучни владини мерки.
Тој ја посети и болницата каде што се сместени десетина повредени, од кои седуммина се во сериозна состојба.