Балкан

Ердоган пристигна во посета на Србија

Ердоган пристигна во посета на Србија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во посета на Србија, при што ќе разговара со највисоките државни претставници и ќе учествува на бизнис форумот на двете земји.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го пречека Никола Тесла Ердоган на аеродромот, јави Радио телевизија на Србија.

Работниот дел од посетата започнува утре. По свечениот прием пред Палатата Србија, Ердоган најпрвин ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа заедно ќе присуствуваат на четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција и на потпишувањето на договорот за соработка. Во текот на попладневните часови Ердоган заедно со Вучиќ ќе присуствува и на бизнис форумот Србија-Турција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни