Ерупција на вулканот Ибу во Индонезија: Во тек е евакуација на 3.000 луѓе

Индонезиските власти денеска соопштија дека во тек е евакуација на 3.000 жители од островот Халмахера на истокот од архипелагот по ерупцијата на вулканот Ибу.

Колона чад се издигнува на четири километри над вулканот, чија ерупција почна вчераутро.

Геолошкиот завод издаде предупредување на највисоко ниво, поради што локалните власти повикаа 3.000 луѓе да ја напуштат загрозената област.

Вулканската активност на планината Ибу се интензивира од јуни 2024 година, по серијата земјотреси.

Ерупцијата на вулканот е регистрирана девет пати од почетокот на оваа година.

Индонезија е дел од Пацифичкиот огнен прстен, област со висока сеизмичка и вулканска активност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното