Од компанијата ЕСМ се јавија со реакција по повод информациите кои денес беа објавени во медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски.
Тие велат дека ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка.
„Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.
Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба.
Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ“, велат од таму
Читај и ова:
- 1.Дубаи „хистеријата“ сега е многу повеќе од чоколада
- 2.Ава Карабатиќ се сели во Швајцарија, планира да работи како негувателка во дом за стари лица
- 3.Синот го истепал својот татко во Кисела Вода, оштетил дел од покуќнината!
- 4.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 5.Американски шпионски авион го обиколи Калининград