Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека ги намалува сите три клучни каматни стапки за 0,25 процентни поени.
Каматната стапка на депозитните капацитети ќе биде 2,25 отсто, на кредитните 2,65 отсто, а основната каматна стапка 2,4 отсто.
Како што се наведува во соопштението на ЕЦБ, процесот на дезинфлација е во тек, при што и вкупната и базичната инфлација паднаа во март, а цените на услугите се забавуваат во последните месеци.
Показателите укажуваат дека инфлацијата во еврозоната ќе остане на околу два отсто, што е целта на ЕЦБ. Европската централна банка укажува дека растот на платите забавува, а корпоративниот профит успева да го неутрализира континуираното зголемено влијание на растот на платите врз инфлацијата.
Централната банка посочува дека европската економија развива отпорност на шокови, но дека прогнозите за економски раст се влошуваат поради трговските тензии, додека растечката неизвесност ќе влијае на довербата и во економијата и во домаќинствата.
Намалувањето на референтната каматна стапка на ЕЦБ индиректно влијае на сите евро каматни стапки.