ЕУ и обезбеди на Украина 400 генератори на електрична енергија

ЕУ досега и обезбеди на Украина преку 400 генератори на електрична енергија поради руските удари врз украинската мрежа за пренос на енергија, објави портпаролот на Европската комисија. Тој истакна дека потребите постојано растат и ЕУ е подготвена брзо да одговори.

Досега ЕУ има обезбедено 25,5 милиони евра за украинската енергетска индустрија, а ЕУ и Украина тргуваат со мали количини електрична енергија по поврзувањето на мрежите за пренос на електрична енергија по почетокот на војната, посочи портпаролот. Тој додаде дека сите земји од ЕУ се вклучени во обезбедувањето на потребната поддршка.

Според него, одговорот на украинските потреби зависи и од достапноста на соодветните технички средства, па затоа европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон е во преговори за набавки и од извори надвор од ЕУ, објасни портпаролот. Тој рече дека повеќе од една третина од годишниот хуманитарен буџет на ЕУ е веќе доделен на Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното