Европската Унија се огласи по соборувањето на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, велејќи дека внимателно ги следи случувањата и ги повикува сите страни на воздржаност.
Каја Калас за соборувањето на Мадуро од страна на САД: Тој немаше легитимитет
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави дека разговарала со државниот секретар на САД, Марко Рубио, како и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „Европската Унија внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела“, рече Калас.
Таа потсети дека ЕУ постојано јасно става до знаење дека Николас Мадуро нема легитимитет и дека Брисел постојано се залага за мирна политичка транзиција во таа земја.
„Во сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Повикуваме на воздржаност“, рече Калас.

