Нема да се употребува цијанид, ниту пак ќе им ја земаме водата на локалното население. Ова денеска на прес конференција го рекоа од Еуромакс ресурсинг во врска со рударскиот комплекс Иловица-Штука. Од таму додадоа дека официјално формално поднеле и барање до македонските власти со цел да се отстранат сите пречки или како што велат тие дилемите и несигурни информации кои се пласираат во јавноста.
„Нема да има одземање на вода од жителите, нема да има брана, а со тоа ниту опасност од излевање“, рече Дамиан Петровски кој додаде дека му е драго што се вратил во Македонија и работи во Скопје.
Извршниот претседавач на Бордот на директори на Еуромакс Ресоур изрази надеж дека проектот е во интерес на земјата.
„Проектот опфаќа не само отворање на рудник, туку и цврста посветеност кон природата. Оваа важна инвестиција останува не реализирана поради нејзината судбина поради дилеми за влијанието на проектот врз животната средина“, изјави Тим Морган.
До Министерството за животна средина и просторно планирање тие доставиле и официјално барање со цел да се отстранат сите нејаснотии околу случајот.