Ева Лонгорија во моќно, но едноставно издание

Ева Лонгорија е вистинска џебна Венера. Иако е висока само 157 сантиметри, таа е синоним за сексапил, а по породувањето успеа да ја доведе линијата до совршенство – со корегирана исхрана и напорна работа во теретана.

Актерката затоа ужива да ја покажува својата нова линија, па често носи кратки фустани и ретко можеме да ја видиме во опуштени, секојдневни комбинации. Сепак, таа сепак направи исклучок и се прошета во едноставна комбинација, што не беше пречка повторно да го сврти вниманието кон себе.

Иако актерката често носи високи потпетици, сега се одлучи за бели, модерни патики, кои ги комбинираше со црни елегантни панталони, „оверсајз“ џемпер и голема чанта. Стајлингот го заокружи со очила за сонце, а сите коментираа како популарната актерка никогаш не изгледала подобро.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното