Две села на грчкиот остров Евија биле евакуирани поради шумски пожар разгорен од силни ветришта.
Противпожарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос, лоцирани во централниот дел на островот, околу 70 километри од Атина, биле евакуирани од претпазливост, објави „Ројтерс“.
Агенцијата потсетува дека минатиот месец 94 лица загинаа во пожар во селото Мати во близина на Атина, по што премиерот Алексис Ципрас го замени министерот за цивилна заштита и раководните лица во противпожарната служба и полицијата.