Еве каде има најмногу снег во Македонија

Утрово најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, -4 во Крива Паланка, -3 во Скопје-Петровец и Демир Капија, -2 во Битола, Крушево, Кавадарци, Куманово, Маврови Анови, Струмица и Прилеп, додека -1 степен е измерен во Скопје на Зајчев Рид, Велес, Штип и Берово.

Нула степени се регистрирани во Претор, Охрид, Тетово и Виница, а најтопло со 2 степени е во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа наврнат е по 1 l/m2 во Крива Паланка, Берово, Пожар, Охрид и Виница.

Висината на снежната покривка до 7 часот изнесува 34 сантиметри на Попова Шапка, 18 во Крушево, 11 во Маврови Анови, 4 во Берово и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 9 степени.