По повод претстојниот празник 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ја информира јавноста за измените во возниот ред и работното време на билетарниците за време на продолжениот викенд.
Возен ред на автобусите
Во периодот од 1 до 3 мај (петок – недела), сите линии на јавниот превоз ќе сообраќаат според неделен возен ред. Граѓаните се советуваат навремено да ги планираат своите патувања согласно празничниот распоред.
Работно време на билетарниците
За време на празничните денови, достапноста за купување и дополнување на билетите ќе биде следна:
- 1 мај (петок) и 3 мај (недела): Дежурна ќе биде единствено билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.
- 2 мај (сабота): Сите билетарници и центри за персонализација ќе работат по вообичаен распоред:
- Објектите со две смени: од 08:00 до 18:00 часот.
- Објектите со една смена: од 08:00 до 13:00 часот.
Од ЈСП потсетуваат патниците да се придржуваат до утврдените термини за непречено користење на услугите на јавниот градски превоз за време на тридневниот празничен викенд.
