Прошетките на високи температури може да бидат опасни за милениците.
Тие значително да го загрозат здравјето на кучињата, особено расите како што се булдозите и мопсите.
Според истражувањето спроведено од страна на британскиот Кралски ветеринарен колеџ (РВЦ) и Универзитетот во Нотингем Трент, шетањето и вежбите при топло време претставуваат 74 отсто од причините и случаите на болести поврзани со топлината кај кучињата.
Дури над 13 отсто се предизвикани од самата жештина, а пет насто се резултат на заклучување на кучиња во автомобил на високи температури.
Болестите кои се поврзани со жештината се јавуваат кога кучето не може повеќе да одржува безбедна телесна температура, а тоа може да доведе до оштетување на ткивото и органите, а во некои случаи и смрт.
Болеста може да влијае на било кој тип на куче. Во истражувањето се нагласува потребата сите сопственици на кучиња, особено оние со кучиња со рамно лице да внимаваат при прошетките во топлите месеци.
Претседателот на работната група Д-р Ден О’Нил што го спроведе истражувањето, вели дека факторите како прекумерен напор и влажноста, исто така, играат многу значајна улога.
„Не се потребни многу вежби (за кучето), за да има можно опасни последици за него кога времето е топло или влажно“, додаде тој.
Што треба да направите доколку се појави прегревање?
Доколку се сомневате дека вашето куче страда од болест поврзана со жешината, задолжително побарајте ветеринарен совет што е можно побрзо.
Раните знаци на топлотен удар вклучуваат отежнато дишење, замор, бавно движење, помала желба за игра, саливација и повраќање.
Веднаш штом ќе ги забележите овие знаци, смирете го кучето, однесете го на ладно место, дајте му вода и веднаш побарајте стручен совет.
Силен топлотен удар може да предизвика повеќе напади, како целосно губење на свеста, некоординација, конфузија, повраќање и дијареја со крв. Доколку не се лекува, тоа може да биде фатално.
Важно е и кучето да нема прекумерна тежина, бидејќи тоа ја зголемува опасноста од болести поврзани со жештините.
