Пред некој ден пејачот Стеван Анѓелковиќ го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со Наташа.
Пејачката Милица Тодоровиќ беше кума на свадбата, а на церемонијата дојде заедно со нејзиното момче Милош Пауновиќ.
На прашањето дали подготвила подарок на Стеван, таа одговори:
„Телевизор, лампа, правосмукалка, миксер. Малку нека готви и тој. Не ги знаев овие обичаи, па ме потсетија“, изјави Тодоровиќ.
Свадбата се одржа во црквата СВ. Димитриј во Белград, а на неа присувстуваа јавни личности меѓу кои и македонската поп дива Калиопи.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, Калиопи објави фотографии од младожениците.
За оваа прилика, Калиопи се одлучи за црн фустан и црни високи потпетици.
Калиопи сподели повеќе фотографии од убавиот настан, каква беше атмосферата на оваа веселба погледнете во продолжение: