Во четврток ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
И во делови од Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.
Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето.