Милано, Болоња, Пезаро, Римини и Торино – овие пет града претендираат да бидат домаќини на Евровизија во 2022 година, објави Ил Месаџеро.
Тие пишуваат дека од 17 градови кои покажале интерес за одржување на овој настан, само 11 поднеле апликации.
По резултатите од инспекциите, претставниците на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и италијанската државна телевизија РАИ исклучија шест градови, меѓу кои и Рим.
Инаку, италијанскиот бенд „Maneskin“ со песната „Zitti e Buoni“ победи на „Евровизија 2021“ во Ротердам со 524 поени. Оваа победа за Италија беше трета во историјата на Евровизија и прва од 1990 година.
