Еве колку е добро за здравјето трчањето со куче

Доколку имате куче како домашно милениче, би требало да знаете дека трчањето покрај него има голема корист за вашето физичко и ментално здравје, но и за здравјето на животното.

Освен што ќе си „заработите“ добра линија, ќе бидете многу помалку наклонети кон аксиозност и депресија, а и срцето многу подобро ќе ви работи.

Најдобро е почетокот на денот да ви започнува со трчање со својот миленик – ова е одличен начин за да го сочувате и подобрите вашето здравје, но и да стекнете подобра врска со вашето милениче.

Кучето лесно ќе се вклучи во вашите навики, а ќе научи и социјални вештини. Трчањето ќе ги разработи мускулите на вашето куче, а на нив е потребно редовно да трошат калории.

Исто така се зајакнува и вашето и срцето на кучето. Студиите покажуваат дека активниот начин на живот го намалува стресот и анксиозноста и кај луѓето и кај животните.