Детергентот за перење на алишта или кај нас популарно наречен прашок е силно средство за чистење, а токму со него може да исчистите и други работи во домот.
Секако тој е мултифункционален и може да се користи и во облик на гел и во облик на прашок.
Еве на кои начини би можел да ви помогне при чистењето.
- Чистење на одводите
Доколку сте приметиле дека одводот ви е затнат, не морате да барате стручна помош. Ставете во одводот 60 грама прашок за перење, а потоа истурете 1 литар врела вода. Врелата вода и прашокот заедно ќе ја отстранат нечистотијата која се наоѓа во одводот.
- Повеќенаменско средство за чистење
Можете многу лесно од прашокот за перење да направете универзално средство за чистење. Тоа ќе го направите со 80 мл избелувач, 4 литра вода и една лажица прашок. Одлично делува за бришење на ѕид, тоалет или на било која друга површина.
- Ги отстранува дамките од тепихот и другите површини
Доколку малку размислиле, логично е ако прашокот делува на уништување на дамките на вешот, тогаш мора тоа да го прави и со дамките од тепихот. Постапката е едноставна, ставете прашок на дамката и лесно бришете со мокра крпа, а потоа после 5 минути исчистете го вишкот на прашок.
- Идеално средство за надворешни перење на автомобилот.
Една лажица на прашок е доволна за една цела канта топла вода. Пред да го миете автомобилот, секогаш прашокот растворете го во вода, во спротивно може да го оштетите автомобилот.
- Чистење на подот
Состојките во прашокот се одлични за чистење на подот. Само една лажица на прашок во кофа вода ќе биде доволно за чистење на подните површини.