Еве во кој град ќе се одржи Евровизија во 2024 година

Четири града беа во игра за домаќини на следниот избор за песна на Евровизија.

Шведската престолнина нема да биде домаќин на Евровизија во 2024 година, веќе е одлучено ова натпреварување да се одржи во Малме, пренесува N1.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај следната година во Арената во Малме.

„Конечно беше избран Малме бидејќи ги исполни сите критериуми“, изјави извршниот продуцент Еба Адиелсон за шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT.

Да потсетиме, шведската претставничка на овогодинешната Евровизија, пејачката Лорин повторно победи на ова натпреварување. Нејзината песна „Тетоважа“ доби најмногу поени, а таа стана само втората личност во Ливерпул која двапати го освоила ова натпреварување.

Пред неа, во текот на осумдесетите, двапати победи Ирецот Џони Логан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното