Еврокомесар на ЕУ: Подготвени сме, војната во Украина ќе продолжи

Европската унија се подготвува за фактот дека сегашната ситуација околу Украина ќе биде продолжена за неколку години.
Ова го изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон за радио РМС.

„Подготвени сме за тоа дека војната ќе трае долго. Војните со висок интензитет на борбени операции на територијата на Европа, за жал, претходно траеја неколку години. Затоа се подготвуваме за тоа“, рече тој.

Бретон додаде дека се уште не се исцрпени можностите за воведување дополнителни санкции против Русија.

„Се разбира, можни се и други санкции, но никој не рече дека Украина ќе победи благодарение на санкциите. Во случај Украина некогаш да победи, ќе победи со воени средства за да ги врати неправедно окупираните територии. Затоа Европската Унијата и сојузниците на Украина и даваат се што е потребно за победа“, рече еврокомесарот.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека западните земји секојдневно се повеќе се вклучуваат во конфликтот во Украина, но тоа нема радикално да ја промени ситуацијата, туку само ќе го продолжи конфликтот.