ЕВРОЛИГАTA „ПРЕСЕЧЕ“: Еве што ќе биде со тимовите од Израел – војната беснее, Макаби и Хапоел ги дознаа судбините

Кошаркарската Евролига денеска соопшти дека го сменила распоредот за натпреварите од третото коло во Евролигата и Еврокупот во кои настапуваат израелските клубови Макаби од Тел Авив и Хапоел од Тел Авив.

Натпреварот од третото коло во Евролигата меѓу Макаби и Валенсија кој е закажан за 18 октомври наместо во Тел Авив ќе се игра во Валенсија. Натпреварот од 32. коло помеѓу Макаби и Валенсија ќе се одигра на 28 март следната година во Тел Авив.

Натпреварот од третото коло на Еврокупот од групата А меѓу Хапоел и Венеција, кој е закажан за 17 октомври, наместо во Тел Авив ќе се игра во Венеција. Натпреварот од 12. коло од Еврокупот меѓу

Хапоел и Венеција ќе се играат на 20 декември во Тел Авив.
Во соопштението се наведува дека овие одлуки се донесени по терористичките напади и почетокот на вооружените судири во Израел.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното