Европратеничка си ја скрати косата во ЕП во знак на поддршка за Иранките
Шведската европратеничка Абир Ал-Сахлани ја скрати косата пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур во знак на солидарност со протестите во Иран. Во последните денови тоа е еден од неколкуте примери на европска поддршка за жените во Иран.
На 16 септември започнаа антивладините протести во Иран по смртта на 22-годишната Маша Амини. Таа беше уапсена од иранската полиција за морал, бидејќи наводно не го следела кодексот на облекување на Исламската Република. Поради ова, жените ширум Иран си ги запалиле хиџабите и си ги шишале косите на улица.
„Додека жените од Иран не се ослободат, ние ќе бидеме покрај вас“, рече Абир Ал-Сахлани додека ја потстрижуваше косата во Европскиот парламент. Додека ја потстрижуваше косата, пратеничката со ирачко потекло рече „џин, жијан, азади“, што на курдски значи „жена, живот, слобода“.
Поддршка за Иранките во Европа
Во Холандија, стотици демонстранти маршираа до парламентот во знак на солидарност со Иранките. Во Италија, посетителите на Maxxi, Националниот центар за современа уметност и архитектура во Рим, оставија прамени од косата во проѕирна кутија на рецепцијата како симбол на солидарност со Иранките. Кутија полна со прамени коса ќе биде доставена до иранската амбасада во Рим.
„Треба да знаат дека не се сами. Тие треба да знаат дека она што го бараат, кои се основни човекови права, е нешто против што сакаме да се бориме заедно со нив“, вели Џована Меландри, претседател на Музејот Макси Современа уметност.
Во Париз, француските претставници и министри со едноминутно молчење во Националното собрание, во знак на чест на Иранците кои со живот платија за нивната борба за слобода.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни