Поврзи се

Патувања

Европски дестинации кои се совршени за престојните празници

Дојде време да се планира патување надвор од Македонија на неколку дена. Нема нешто поубаво од патување со својата сакана личност или со пријателите за новогодишните празници. Важно е да останат спомените, а ние ќе ви ги донесеме најдобрите дестинации низ Европа. Исто така и во агенциите може да се најде некоја добра понуда за овие неколку градови. Празниците се најдобар период за уживање во магијата што можат само неколку европски дестинации да ви ја понудат. Ние ги издвојуваме следниве:

Париз, Франција

„Градот на светлината“ кој е познат и како најромантичниот град во Европа ги изненадува милионите посетители во текот на целата година. За три дена можеш да видиш се, а за три месеци – ништо. Ова е правилото кое важи за Париз.Ви препорачуваме да почнете со Лувр, Версај, Триумфалната капија, Ајфеловата Кула, Нотр Дам . Париз е се што му треба на еден заљубен пар. Топло ви препорачуваме да го посетите.

Берлин, Германија

Кој еднаш ќе го посети Берлин, речиси и невозможно е да не се врати повторно. Можеби не е љубов на прв поглед но сигурно е љубов засекогаш. Бранденбуршката капија која е прекрасна навечер, Берлинската ТВ кула и многу други прекрасни места се само дел од менито на главниот град на Германија. Берлин е метрополата на космополитанскиот дух и културата, и што е малку чудно за германската култура овој град се смета за еден од најслободните не само во Европа, туку и во светот, во Берлин се се прифаќа.

Барселона, Шпанија

Не се грижете. Сигурно нема да ја заборавиме гордоста на Каталонија. Овој град кој плени во летните денови, нема да ве остави рамнодушни ниту на зима. Има места кои буквално ќе ве остават без здив, како на пример паркот Гуељ, Каса Мила и Каса Батљо, музејот на Пикасо, прошетајте низ Ра Ламбра и никако, ама баш никако не заборавајте на Камп Ноу, заштитниот знак на Барселона и тврдината на истоимениот фудбалски клуб. За крај отидете на некоја од градските плажи. Ќе си поминете незаборавно.

Подготви: Филип И.

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com