Европскиот фронт ја обвинува ВРЕДИ дека прави кворум за бранителите, од ВРЕДИ велат дека законот го предлага ДУИ преку СДСМ

Предлогот на законот за Бранителите доставен до Собранието предвидува зголемување на месечните надоместоци за војниците од Армијата кои учествуваа во конфликтот во 2001 година, а завршија со инвалидитет или го загубија животот. За втотите, семејството го добива надоместокот.
Освен СДСМ, како предлагач, другите политички партии ова го гледаат како провокација и обид за создавање меѓуетнички конфликти. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека бранителите ја имале, имаат и ќе ја имаат неговата поддршка, но се сомнева во искреноста на СДСМ, бидејќи се сомнева дека тоа го прават за да создаваат меѓуетнички тензии и повика да не се стане плен на оваа ситуација.

И првиот вицепремиер Изет Меџити прашува дали овој предлог закон е за дефокусирање на јавноста од криминалните богатења на раководителите на ДУИ?

„Милионерите на Фронтот – ДУИ, потомците на Комунистичкиот сојуз на Југославија – СДСМ и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат најавите за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранители без закон за привилегии на припадниците на ОНА. Повторувам со целосна одговорност: Законот на Славјанка и купувањето на бранителите не поминува!“, вели Меџити.

Но од ДУИ се сомневаат во коалицијата ВРЕДИ. Како што велат, пратениците на ВРЕДИ по напуштање на седницата, се вратија за да обезбедат кворум.

„Пратениците губитници на ВРЕДИ првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на законот за бранителите, ја напуштија седницата, додека по телефонскиот повик од нивните газди од ВМРО се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување на дневен ред со целиот Закон за бранителите. Оваа акција покажува дека ВРЕДИ се заложници на ВМРО и со секоја нивна постапка ги жртвуваат Албанците“, велат од ДУИ.

На прашањето која е целта и зошто токму во овој период СДСМ достави ваков предлог закон, првиот човек на СДСМ Венко Филипче изјави дека целта е да им се помогне на семејствата на загинатите и на инвалидите од војната.

Од СДСМ не ја исклучуваат можноста во овој закон да влезат и други категории и се подготвени да разговараат со партиите. И ова е она што ја интересира коалицијата ВРЕДИ. Тие преку соопштение најавија дека сакаат сеопфатно решение, вклучувајќи ги и поранешните борци на ОНА.

-Законите кои имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да одржат во живот еден корумпиран систем, немаат место во нашата агенда! Тука сме да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и за статусот на поранешните борци на ОНА!“, велат од ВРЕДИ.

Предлогот на законот за бранители поднесен од социјалдемократската пратеничка Славјанка Петровска, предвидува зголемување на месечните надоместоци за инвалидите и семејствата на загинатите, по 1.200 евра како месечна вредност на 82.000 евра доколку степенот на попреченост е 100%. Предлог законот ги опфаќа безбедносните сили од 2000 до 2024 година.