Македонија

Европскиот суд за човекови права наложи државата да му исплати 3.465 евра на Владимир Атанасовски поради притворот

Европскиот суд за човекови права наложи државата да му исплати 3.465 евра на Владимир Атанасовски поради притворот

Европскиот суд за човекови права одлучи дека државата треба да му исплати 3.465 евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, како надомест поради мерките притвор и куќен притвор во предметот „Организатори на 27 април“, објави Телма.

Атанасовски, како обвинет во овој предмет, поминал шест месеци во притвор и уште речиси деветнаесет месеци во куќен притвор, поради што поднел претставка за повреда на правото на слобода и безбедност.

Во одлуката се наведува дека, по неуспешните обиди за пријателско спогодување, Владата го информирала Судот дека предложила еднострана изјава со цел да се решат прашањата покренати со жалбата.

Адвокатот на Атанасовски изјави дека во текот на целата постапка укажувал оти мерката притвор била неоправдана и спротивна на законските критериуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни