Европските берзи на рекордно ниво по разговорите меѓу Трамп и Путин

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат дека иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе доведе до крај на војната меѓу Русија и Украина.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,5 отсто, достигнувајќи ново рекордно ниво. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,45 отсто, на 8.767 поени, но франкфуртски DAX порасна за 1,06 отсто, на 22.380 поени, а париски CAC 0,86 отсто, на 8.110 поени.

Берзите се во добро расположение бидејќи инвеститорите се надеваат на крај на војната меѓу Русија и Украина.

Трамп разговараше со Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, кои изразија желба да започнат мировни преговори.

Пазарите се поддржани и од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на европските компании. Благодарение на ваквите резултати утрово цената на акцијата на Нестле скокна за речиси 7 отсто, а на Сименс за речиси 6 отсто.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното