ЕВТИН И БРЗ РУЧЕК: Највкусните пржени пиперки во павлака!

Кога немате време, нерви и пари за богат ручек, посегнете по овој фантастичен рецепт од пржен зеленчук во павлака!

Состојки:

  • 5-6 пиперки
  • 2 лажици масло
  • 3-4 чешниња лук
  • 2-4 лажици кисела павлака Пекабела
  • сол
  • колбаси или некое друго месо (по желба)

Начин на подготовка:

Измијте ги пиперките, исчистете ги од петелки, исечете ги на филети, посолете ги и пржете ги (ставете и месо, ако сакате) поклопено на масло, повремено мешајте, така 15-тина минути.

Потоа додајте ситно сечкан лук и кисела павлака, измешајте и ручекот е готов!

Уживајте!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното