Евзони под блокада: Земјоделците го затворија граничниот премин, се пропуштаат само итни случаи

Граничниот премин Евзони (Богородица) е повторно блокиран од грчките земјоделци, кои со своите трактори го попречија сообраќајот во двата правца, кон и од Грција.

Протестот, кој трае веќе неколку дена, е дел од пошироките активности на грчките земјоделци кои изразуваат незадоволство од владините мерки, високите трошоци за производство и другите проблеми во секторот.

На граничниот премин се паркирани голем број трактори и земјоделски возила, а блокадата е ненајавена и со периодично времетраење, што ја прави ситуацијата непредвидлива за патниците и транспортерите.

Според информациите од терен, земјоделците во текот на блокадата одлучиле да пропуштаат само одредени категории возила:

  • Возила што превезуваат расиплива храна
  • Амбулантни и медицински возила
  • Возила со добиток

Ваквиот начин на протест предизвикува големи застои и километарски колони на двете страни од границата, а надлежните земјоделски комисии одлучуваат за времето и траењето на блокадите.

Засега нема конкретна најава до кога ќе траат активностите на земјоделците.