Facebook „падна“ – не функционираше мобилната и десктоп верзија

Корисниците на Facebook речиси половина час не можеа  да ги користат услугите на големата социјална мрежа ширум светот од 18 часот доцна попладнево.

Засега нема информации која е причината за падот на “Фејсбук”.

Ова е прв посериозен пад на социјалната мрежа после долги години.