Фановите загрижени за здравјето на Мараја Кери: Последната снимка вознемири многумина, пејачката делува дезориентирана

Мараја Кери неодамна настапи во Лас Вегас, а снимките од нејзиниот концерт брзо станаа вирален хит поради загрижените коментари на нејзините обожаватели. Нејзината енергија на сцената беше далеку од очекувана – полека се движеше и изгледаше вкочането, што предизвика многу грижи кај обожавателите.

Публиката се прашуваше: „Дали е добро?“, „Дали има болки?“, а многумина коментираа со загриженост, како „О, Боже, ова не е добро“. Многумина се прашуваа дали зад нејзината состојба се крие сериозен здравствен проблем, со оглед на тоа што некои го споредија нејзиниот настап со постарите колеги кои и понатаму се истакнуваат на сцената.

Иако некои обожаватели беа остри во критиките, сугерирајќи дека Мараја можеби е мрзелива што не ја следи танчерката, многумина се убедени дека зад нејзиното необично однесување се крие сериозен проблем.

Мараја Кери (55) имаше исклучително тешка година, а минатото лето во трагичен сплет на околности ги загуби мајка си Патриша и сестрата Алисон. Оваа голема лична трагедија веројатно има влијание врз нејзината моментална состојба, а и самата призна дека ја скршило срцето поради загубата на најблиските.

Нејзините обожаватели, кои со години ја обожаваат, се надеваат дека пејачката ќе се опорави и повторно ќе зрачи со енергијата што ги красеше нејзините настапи претходно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното