4NEWS.mk

Фатиме Фетаи: Борбата за правда продолжува

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски со овластување од државниот обвинител Љубомир Јовески продолжуваат да го застапуваат предметот „Монструм“ кој беше во надлежност на СЈО. 

На влез во судската зграда, Обвинителката Фетаи ги одбегна новинарските прашања. Во движење, кратко изјави:

“Борбата за правда продолжува” 

Фетаи и Бубевски се првите двајца обвинители кои добија овластување од Јавното обвинителство откако на крајот од минатата недела ги презема предметите од СЈО.

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни