Македонија

Фатмире Исаку заменик министерка за надворешни работи

ДПА ќе добие заменик министерско место. Како што дознава ТВ21, а потврдено од страна на партијата, Фатмире Исаку ќе биде заменик министерка за надворешни работи. Со министерството во моментов раководи ДУИ, односно министер е Бујар Османи. Фатмире Исаку беше кандидатка за пратеничка на последните парламентарни избори шестата изборна единица, но како што е познато ДПА на тие избори освои само едно пратеничко место, а во Собранието влезе Мендух Тачи. Исаку е професорка по англиски јазик на тетовскиот универзитет од 2007-ма година. Докторирала на англиски јазик и литература.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни