Откако Волстрит Џурнал објави дека Фејсбук не успеал да ги поправи „штетните ефекти на платформата“, од компанијата објавија дека инвестирале над 13 милијарди долари во безбедносни мерки од 2016 година.
Од таму додаваат дека сега има околу 40 илјади луѓе кои работат на безбедноста, од пред пет години кога работеле само 10.000.
Тие исто така објавија и дека нивната технологија за вештачка интелигенција помогнала да се блокираат речиси три милијарди лажни профили во првата половина од оваа година, а отстранети се и повеќе од 20 милиони текстови со лажна содржина за коронавирусот и вакцините.
„Во минатото, не започнавме да се справуваме со безбедносните предизвици доволно рано во процесот на развој на производи. Но, ние фундаментално го сменивме тој пристап“, додаваат од Фејсбук
„Фејсбук ги минимизираше негативните ефекти на апликацијата Инстаграм врз младите корисници и реагираше лошо на предупредувањата на вработените за начинот на кој платформата ја користат трговците со луѓе во земјите во развој“, објави минатата недела Волстрит Џурнал, повикувајќи се на стручен преглед на внатрешните документи на компанијата.
