Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска, во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ. Претседателот Филипче го честиташе големиот македонски празник, го исткана аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава.
На средбата беше истакнато дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – на страната на слободата, правдата и одбраната на достоинството на секој еден човек.
„Имавме одлична средба денеска со претставници од Сојузот на борци, секој еден од нив – директни потомци на народни херои, првоборци, луѓето коишто со крв се вградија во темелите на оваа држава, кои што покажаа со дела и со борба дека Македонија ја сакаат повеќе од сè“, рече Филипче.
Тој додаде дека борбата за подобро општество не е завршена, и треба уште многу да се работи за целосно да се исполни аманетот на нашите предци.
„Треба уште многу да работиме напорно, да ја зајакнеме оваа држава, да го завршиме евроинтегративниот пат, за Македонија да биде убаво место за живеење во кое што младите ќе ја гледаат иднината. Да го најдеме начинот да постигнеме национален консензус и да се бориме против најголемите непријатели на денешнината, а тоа е корупцијата, партизацијата и сиромаштијата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Читај и ова:
- 1.ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот кој траел со години на компанијата Марковски, сега е на пат да биде амнестиран благодарение на поединци од судството на Заев и Филипче
- 2.Повеќе од 4.000 федерални службеници во САД добија известувања за отпуштање
- 3.Најголемиот транспортен проект во историјата на Европа: Ќе ги поврзе сите поголеми градови
- 4.Нови правила за влез и излез од Европската Унија од утре
- 5.Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 21 степен