Поранешниот министер за здравство и претседател на СДСМ, Венко Филипче на својот фејсбук-профил во објава сподели дека извршил операција на пациент со сериозен проблем со ’рбетот. Тој вели за време на интервенцијата посвети време и на едукација на специјализантите кои се иднината на македонското здравство.
„Денес имав привилегија да извршам операција на пациент со сериозен проблем со ’рбетот, операција која ќе му го подобри квалитетот на живот. За време на интервенцијата, посветив време и на едукација на нашите специјализанти – иднината на македонското здравство.
Образованието е исто толку важно колку и секоја успешна интервенција, затоа што знаењето што го споделуваме денес, утре ќе спасува животи.
Пациентот по интервенцијата се чувствува одлично, му посакувам брзо закрепнување“, вели Филипче во објавата.