Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.
„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.
Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.
„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.
Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.
По ова се огласи и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој во целост ја отфрли дезинформацијата дека постои било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.
„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера.
Ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност.
Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам“, вели Муцунски.
Читај и ова:
- 1.Графитите во катедралата во Кентербери предизвикаа бес – Маск: Ова е срамно
- 2.ADAC открива 11 модели на зимски гуми што возачите треба да ги избегнуваат
- 3.Јошевска-Анастасовска: Обвинителството врши притисок и напад врз мојата слобода на говор
- 4.Експлозии во Кабул и источен Авганистан – Талибанците: Пакистан нè нападна
- 5.Три возила се судриле на патот Струмица- Радовиш – сообраќајот во прекин!