Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во вечерашната емисија „Директно“ на Телма најави дека закажале седница на Извршниот одбор, на која ќе побара оставки од досегашните членови.
„Направивме детални анализи на партиските резултати на сите нивоа. Имаше општини каде потфрливме, но и места каде што постигнавме значајни резултати. Врз основа на разговорите и стратегијата за понатамошната работа, вечерва ќе побарам сите членови да се повлечат. На една од следните седници ќе биде избран нов состав на раководството“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека целта е во партијата да бидат избрани најкомпетентни кадри кои ќе можат да ја реализираат новата програмска платформа на СДСМ.