Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата!

Новиот претседател на СДСМ Венко Филипче вечерва истакна дека тоа што може да го вети е дека ќе направи се за довербата да не ја изневери, и да работи како што ветил и се обврзал.

„Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите наши граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи емпатијата, професионализмот, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционирта СДСМ. Моја цел е да вбризгам принципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот, принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со кои ќе ја одликуваат СДСМ под моето раководство“, рече Филипче.

Тој вели дека нема време за славење, бидејќи следува период на реорганизација и реформа согласно неговите ветувања, со кои е сигурен дека СДСМ повторно ќе победува.

„Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински и темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес“, вели Филипче.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното