Филипче: Очајничка стратегија е обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“!

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакна дека гледа како провладините профили водат наратив дека опозицијата е таа која ги организира протестите.

Како што вели, со ова не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ.

„Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар.

Трагедијата треба да ја обедини нацијата во жалост и барање одговорност – не да се сведува на политичка пресметка. Обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“ е само очајничка стратегија за да се одвлече вниманието од системските пропусти. Влада што се плаши од гласот на сопствениот народ веќе признава дека потфрлила.

Историјата е сведок дека секоја власт што не ги слушала граѓаните, на крајот била казнувана“, вели Филипче.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното