Филипче открива дали ќе има рестриктивни мерки и воведување на полициски час

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека имаат во план воведување на таргетирани и локални мерки.

Се вчитува...

„Имаме таков план, и тие мерки се таргетирани и локални. Во општината, населеното место, можеби некој економски субјект, компанија. Доколку се оцени дека има потреба да се интервенира во смисла на рестрикција, можеби намалување на работното време или затворање на некој фабрики, погони ние имаме спремен план“, посочи Филипче.

Тој смета дека засега овие таргетирани мерки ќе бидат сосема доволни.

.

Извор: ТВ21