Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција, Мицкоски и Тошковски најавуваат одложување на скандалозната партизацијата

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче попладнево реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека се одложува Законот за внатрешни работи.

„Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција – Мицкоски и Тошковски најавуваат одложување на скандалозната партизацијата на МВР.

Се вчитува...

Полицијата не смее да служи на криминалната група ВМРО, на шефот на мафијата Мицкоски и да служи за заштита на криминалот и корупцијата.


Ова е победа на СДСМ за сите граѓани на Македонија и за професионалците во полицијата, победа на стручноста и професионализмот над партизацијата и политичката контрола врз полицијата.


Ние поднесовме иницијатива до Уставниот суд со што ја блокираме партизацијата на МВР.

Со оваа одлука за одложување, Мицкоски и Тошевски всушност признаваат дека не можат да го протнат законот без да предизвикаат огромен отпор и без да имаат правна основа.


Честитки до сите чесни и професионални полицајци кои секојдневно ја вршат својата работа чесно и професионално.


Ова е ваша победа.


Ова е потврда дека граѓаните и институциите не дозволуваат МВР да се претвори во партиска полиција на ВМРО-ОКГ.


СДСМ е во служба на граѓаните на Македонија, а граѓаните и професионалната полиција не дозволуваат партизација на безбедносните институции.


СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот!


Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, напиша Филипче.