Филипче: СДСМ е единствената сила што може да ја врати надежта во државата

„Секој глас за СДСМ е влог во подобра иднина за Македонија. Затоа ајде заедно, обединети, решителни, сите на едно место, да ја вратиме државата во рацете на народот“, повика Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров.

Филипче нагласи дека ова не е време за апатија, туку време да се допре до секој човек кој ја чувствува неправдата од оваа власт.

„СДСМ е единствената сила која може да ја врати надежта. Борбата на СДСМ е за праведност, борба за достоинството на луѓето, борба за нивните права да живеат со нормален приход, борба никој да не биде игнориран и оставен на страна, борба за машки справување со кризите, заштита на граѓаните“, порача Филипче. 

Тој упати повик до гласачите на 19 октомври да се спротивстават на обидите да бидат само број на гласачкиот список, бидејќи токму тоа го сака ДПМНЕ.

„Сакаат да ја убијат надежта за промена. Сакаат да ги убедат луѓето дека нема надеж – бидејќи само така ќе можат комотно да ја уништуваат државата за свои потреби. Само така ќе продолжат да јадат манго и папаја, додека за граѓаните нема ништо“, рече Филипче.

Затоа, Претседателот Филипче нагласи дека овие избори се историски важни за државата.

„На овие избори имаме шанса да испратиме силна порака до овие арогантни луѓе кои ја преземаа власта, дека народот не се предава и не молчи. Дека не може да прават што сакаат. Да испратиме силна порака дека социјалдемократијата живее и дека од овие избори започнува падот на оваа ненародна власт која изгуби контакт со реалноста“, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир во Ѓорче Петров.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.