Филипче: Владата на Мицкоски го турка народот во сиромаштија, институциите не функционираат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за драстичен пад на животниот стандард, раст на цените и неконтролирани поскапувања. Тој оцени дека власта покажува целосна негрижа за граѓаните, а како пример ги посочи последиците од порастот на цените на струјата, парното и основните производи.

„Граѓаните не можат крај со крај да врзат. Владата е нем, пасивен набљудувач на ценовниот шок. Струјата поскапе 20 до 30%, парното 5%, и сето тоа во услови кога повторно има нов бран на поскапувања“, рече Филипче во подкастот Политиканти.

Тој ја обвини Владата дека бега од одговорноста да интервенира со социјални и економски мерки, особено во делот на зголемувањето на платите. „Владата вели нека се договорат работниците и работодавачите сами за платите. Па, тогаш зошто постои Владата?“, праша Филипче, обвинувајќи за целосно повлекување од улогата што треба да ја има државата.

Во споредба со сегашната влада, Филипче нагласи дека СДСМ во време на најтешки кризи, како ковид пандемијата и енергетската криза, обезбедувала субвенции и мерки со кои биле заштитени граѓаните и компаниите. „Зачувавме над 80.000 работни места, а сметките за струја не се зголемија и покрај глобалниот енергетски шок“, додаде тој.

Паралелно со економските критики, лидерот на СДСМ се осврна и на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој посочи на селективна истрага и недостаток на одговорност кај институциите. Најави дека СДСМ веќе поднела предлог-закон за финансиски надомест за семејствата на жртвите и повредените, како и поволности во образованието за децата погодени од трагедијата.

„Нема да дозволиме ова прашање да се политизира. Станува збор за човечки животи и институционална небрежност. Време е за вистинска системска промена“, рече Филипче и најави дека лично ќе разговара со пратеници од сите партии за поддршка на законот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното