Филипче: Во последниот период имаме повеќе приеми од исписи во болниците, се подготвува модуларната болница

Венко Филипче, министерот за здравство денеска напомена дека овој нов бран на новозаразени со коронавирус, придонесе на Инфективната клиника да има повеќе приеми од отпуси, но дека и натаму има места и добро се менаџира со болниците во битката со Ковид-19.

Се вчитува...

„Гледаме дека растот на нови случаи е во тренд. Ќе гледаме да го ублажиме овој бран со овие нови мерки. Еве пример, во Италија епидемиолошката слика е сменета по мерката да се носат маски и на отворено. И веруваме дека тоа ќе го сопре ширењето, ако не ќе мораме да воведеме рестриктивни мерки од типот рестрикции на некои економски субјекти“, изјави Филипче кој ја соопшти ситуацијата со болниците.

„Се подготвува модуларната болница. Во последните денови трендот на прием на пациенти е зголемен. Има повеќе приеми од исписи, но и натаму има место. Ќе сториме се да го намалиме овој бран“, рече Филипче.

.

Извор: ТВ21