Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.
Според измените, кои вчера ги одобри финскиот парламент и ќе стапат на сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на часовите, пишува Гардијан.
На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот за здравствена заштита или цели за учење.
СЛЕДЕТЕ НЕ: