Македонија

Фирма од Свети Николе измамена со 44.222 евра преку компјутерска измама

Фирма од Свети Николе измамена со 44.222 евра преку компјутерска измама

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип информира дека на 27.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе, 24-годишна жена од Свети Николе пријавила дека со компјутерска измама нејзината фирма била оштетена за сума од 44.222 евра.

-Имено, на 18.03.2026 вработена во фирмата направила нарачка на репроматеријали од фирма од Италија, а на 24.03.2026 добиле известување на електронска пошта од фирмата од Италија за промена на банкарска сметка со профактура во прилог, соопштуваат од СВР-Штип.

Посочуваат и дека на 27.03.2026 било извршено девизно плаќање на новата сметка на италијанскиот добавувач, а подоцна добиле известување од банката дека плаќањето било извршено пред да се изврши проверка и одобрение на девизното плаќање од нејзината фирма, по што биле известени од фирмата од Италија дека комуникацијата била пресретната, односно трансферот на паричните средства не бил направен на нивната сметка, туку стигнале на непозната сметка Португалија.

Од СВР-Штип велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни