Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
4NEWS.mk

Фон дер Лајен во Скопје: Пречек со највисоки државни почести и средби за европската иднина на Македонија

Фон дер Лајен во Скопје: Пречек со највисоки државни почести и средби за европската иднина на Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигна во официјална посета на Скопје, каде што пред Владата беше пречекана со највисоки државни и воени почести од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

По официјалната церемонија, предвидена е тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и Фон дер Лајен, по што двајцата лидери ќе одржат заедничка прес-конференција. Претходно, на скопскиот аеродром, претседателката на ЕК ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој истакна дека оваа посета е силна потврда за европската ориентација на земјата и посветеноста на реформите.

Во пресрет на средбите, премиерот Мицкоски порача дека Владата останува подготвена за дијалог и за изнаоѓање соодветни решенија за евроинтегративниот процес, отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата околу уставните измени: „Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение“, нагласи Мицкоски.

Покрај средбата во Владата, Фон дер Лајен во Вила Водно ќе се сретне и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во фокусот на сите разговори ќе бидат пристапниот процес кон ЕУ, односите со Бугарија и можностите за деблокирање на интеграциите.

Оваа посета е дел од Балканската турнеја на Фон дер Лајен, во чиј рамки претходно ги посети Албанија, Црна Гора и Косово. Србија и Босна и Херцеговина беа изоставени од оваа турнеја поради претстојните избори во двете земји, информираа од Европската комисија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни