Денеска продолжува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што јавноста и семејствата на жртвите го следат процесот.
На влезот на судницата, обвинетите беа дочекани со транспарент на кои се прикажани ликовите на загинатите лица, како потсетник на трагичниот исход од настанот.

„63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара ПРАВДА“, пишува на транспарентот.

Обвинителството го води процесот против лицата за кои постои сомнение дека имаат директна одговорност за несреќата, додека семејствата на жртвите присуствуваат за да ја следат правдата за своите најблиски.

На последното судење ниту еден од обвинетите во судницата не призна вина за пожарот во кој загинаа шеесет и три лица.