ФОТО: Алигатор од 1,2 метри е пронајден во парк во Њујорк

Вработените во паркот „Проспект“ во Бруклин вчераутро забележале огромен рептил, подоцна наречен Гоџила и ги известиле властите. Алигаторот е фатен и пренесен во зоолошката градина во Бронкс, пишува Би-Би-Си.

Алигаторите потекнуваат од југоисточниот дел на САД, од држави со топла клима како Флорида и Луизијана. Но, максималната температура во неделата во Њујорк беше 9 степени Целзиусови. NYC Parks, градската агенција за зелени простори, рече дека животното било во многу лоша состојба кога било пронајдено, „многу летаргично и можеби шокирано од студот“.

Се уште не е познато како алигаторот завршил во езерото во паркот. Надлежните континуирано ги предупредуваат жителите да не пуштаат животни во градските паркови бидејќи тоа е незаконска дејност. NYC Parks пишува дека никој не е повреден од заробениот алигатор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното